243
Скопје ќе има парно греење, тоа никогаш не било доведено во прашање. Тоа што инсистираме ние е да биде во подалеку пониски трошоци и нема да отстапиме од тоа, рече првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски за монтирањето на новиот топловод под мостот „Беласица“.
Додаде дека во калкулациите, РКЕ ќе влезе дека „од ТЕ-ТО ќе се добие 60до70% од топлинската енергија за да сочуваме ценовна стабилност“.
-Зголемените трошоци во однос на тоа, ќе си одат на тој кој што има проблеми да го реализира. Нема да има проблем со снабдувањето, ниту да дозволиме ценовни шокови, кажа Бислимоски.
Околу одлуката за цената на парното, тој рече дека ќе ја донесат одлуката кога ќе добијат цврсто уверување околу поставувањето новите цевки под мостот „Беласица“.