Скопје остана без јавен превоз? Околу 60 автобуси на ЈСП повлечени во гаражите поради оштетувања

од Берта Китинска
1,4K прегледи

Околу 60 автобуси се повлечени во гаражите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) поради различни оштетувања, дознава „Локално“ од свои извори.

Вработени на ЈСП велат дека не паметат повлекување на волкав број на превозни средства од јавното претпријатие

Од МВР објаснуваат дека ова не се случува по нивна наредба, бидејќи тие немаат такви ингеренции, туку дека веројатно се работи за самоиницијативно повлекување од страна на претпријатието.

На прашањата кои „Локално“ ги упати до ЈСП поради кои причини е повлечен толкав број на автобуси, не добивме одговор.

М.А.

Слични содржини