Скопје повторно втор најзагаден град во Европа

од Nikola Popovski

Скопје утринава повторно се најде на второто место на најзагадени градови во Европа според платформатаIQAir, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Со индекс на квалитетот на воздух од 161, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето, а полош воздух од македонскиот главен град во Европа е регистриран само во Сараево.

Од Европа на првите најлоши позиции се најдоа и Белград, Приштина и Софија.

Во светски рамки, Скопје во моментов е 10-ти најзагаден град во светот. На прво место е Лахоре во Индија.

Пред десетина дена, главниот македонски град исто така беше на неславното второ место по загаден воздух во Европа.

Слични содржини