„Скопје прајд“ посветен на жртвите и ранетите од нападот на геј барот во Осло

од Nikola Popovski
353 прегледи

Под мотото „Излези за љубов! Достоинство, Еднаквост, Правда“, денеска во Скопје се одржува третата „Парада на гордоста“. Во тек е протестниот марш на стотици граѓани по скопските улици, кој ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Еден од најактивните македонски ЛГБТ активисти, Кочо Андоновски истакна дека пораката од „Скопје Прајд“ е сензибилизација на институциите за постигнување еднаков третман на сите граѓани во ова општество.

-Она што за нас е најжешко прашање е правното признавање на родот, прашање за кое Македонија има обврска до крајот на 2022 година да обезбедни процедура во кое ќе биде овозможено правно признавање на родот кај трансродовите луѓе, според одлуката на Европскиот суд за човекови права. Овој прајд сакаме да го посветиме на жртвите и ранетите во инцидентот во Осло синоќа и ја испраќаме целата наша љубов и солидарност со целата заедица во Норвешка, рече Андоновски.

На „Парадата на гордоста“ присутни се и јавни личности, претставници на невладиниот сектор, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Претходно на социјалните мрежи пораки за поддршка упатија премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски.

Слични содржини