Главниот град и денес се раскитува, откако минатата недела беа тргнати елките од скопскиот плоштад, како и поставените бараки кои беа дел од новогодишната програма. Екипи од градските јавни претпријатија денеска ги тргаа украсите од скопските булевари.
Очигледно дека Град Скопје малку се подзаборави, па и месец февруари го дочекавме со сијалички над булеварите.
Градоначалничката Данела Арсовска претходно беше критикувана дека доцни со украсувањето на градот. Таа најави дека оваа година уште од 15-ти септември ќе украсува. Како што истакна, „како ќе се вратат граѓаните од одморите, ќе почнеме да китиме и ќе видиме дали тогаш ќе биде прерано, но нема да биде предоцна“.
Арсовска пред крајот на годинава информира дека Финансиската полиција влезе во Градот и ја собира документацијата за новогодишното украсување на Скопје од 30 илјади евра.
-Не влегува за 300 илјади евра, туку влегува за 30 илјади евра. Немам сомнеж во институциите, туку во корумпираните политичари, додаде градоначалничката.
Засега нема соопштение од Финансиската полиција до каде е истрагата.
Фото: Локално