Скопје утринава повторно меѓу 10-те најзагадени градови во светот

од Nikola Popovski
43 прегледи

Скопје утрово повторно се најде меѓу првите десет градови во светот со најзагаден воздух. Како што може да се види на платформата за следење на квалитетот на воздухот, „IQAir“, главниот град е 9-ти во светот според загаденоста на воздухот.

Воздухот е оценет како нездрав за сите категории на луѓе, бидејќи индексот на загаденост изнесува високи 165. Пред Скопје во светски рамки се Сараево, Лахоре, Делхи, Калкута, Техеран…

Според листата, скопјани го дишат вториот најзагаден воздух во Европа.

За големата загаденост на воздухот, веќе неколку пати вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека е од затоплувањето на домовите, но и од урбаниот транспорт.

Во Скопје сè уште нема ниту препораки за граѓаните, ниту пак конкретни мерки против загадувањето.

Во меѓувреме, Европската агенција за животна средина (ЕЕА) објави дека најмалку 239 илјади смртни случаи може да се препишат на изложеноста на ситните честички во воздухот.

Како што се посочува во најновата анализа за влијанието на квалитетот на воздухот врз човеково здравје, врз основа на бројките за 2022 година, 70.000 смртни случаи се припишуваат на загадувањето со озон, а 48.000 на загадувањето со азот диоксид.

Слични содржини