Скопје вечерва е најзагаден град во светот

од Milan1
101 прегледи

Според специјализираниот портал за следење на аерозагадувањето, „IQAir“ Скопје вечерва е најзагаден град во светот.

На второто место се наоѓа Улан Батор во Монголија, Карачи во Пакистан е трет, а Вухан во Кина е четврт по загаденост.

Скопје зимскиот период редовно се наоѓа меѓу првите десет градови со највисоко загадување во светот.

Податоците од Министерството за животна средина покажуваат концентрација на 356 микограми на метар кубен ПМ10 честисчки во Лисиче, 251 во Гази Баба, 235 кај ректоратот, 209 во Центар, 180 во Карпош, 165 во Ѓорче Петров.

Освен Скопје, податоците на МЖСПП покажуваат висока загаденост и во Струмица и во Куманово.

Во Струмица се регистирани 330 микограми на метар кубен ПМ10 честички, со што е веднаш до Скопје, меѓутоа не е рангирана на IQAir.

Слични содржини