Скопје Зоо главна тема на светските медиуми: Малото џуџесто мармозетче ги освои сите симпатии

од Берта Китинска
467 прегледи

Пред една недела за првпат  во скопската Зоолошка градина се роди џуџест мармозет.

-Џуџестите мармазети се најмалите мајмунчиња на светот и тежат најмногу до 100 грама. Може да замислите колку е мало бебенцето- минијатура еднаква на детско прсте. Да ни е живо и здраво, информираа од скопската Зоолошка пред скоро една недела

„Бебето мармозет донесе радост во скопската Зоолошка градина“, наведува Ројтерс каде беше објавено видео на Твитер  профилот  од овие мали животинки.