176
На Инстаграм страната на Зоолошката Градина Скопје денеска беше објавена преслатка фотографија од едно од четирите бебиња пингвини. Тоа е прво младенче од овој вид кое дојде на свет во Скопје ЗОО.
„Утре, на 25 април, го прославуваме Светскиот ден на пингвините – ден за покревање на свеста за овој вид птици и нивна заштита. По тој повод, утре (вторник), во 11 часот ве очекуваме пред Заливот на пингвините на едукативен и интерактивен час на отворено, каде што секој посетител ќе може да научи нешто ново за овие птици и ќе биде одлична можност одблиску да ги запознаете пингвините од Скопје ЗОО и четирите бебиња, нивните карактеристики, но и меѓусебните односи и социјализација во групата“, наведуваат од Скопје ЗОО.