403
Нашето ново бебе, вака објавија од Скопската зоолошка градина откако добија нова принова.
Малата и мила двогрба камила е новиот станар во Зоолошката градина.
-Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови. Да ни е жива и здрава, стои во објавата на Зоолошката градина Скопје.
Фото: Горан Анастасовски