Во скопската Зоолошка градина пристигнаа три пингвини кои во следниот период ќе се адаптираат на средината, па потоа посетителите ќе имаат можност да ги видат.
„Конечно вечерва во Скопје Зоо пристигнаа и пингвините. Тие пополека се адаптираат во својот нов дом и ја добија првата вечера, а остварија и прв контакт со своите нови зоо негуватели. Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве „частиме” со интересни фотографии и видеа се додека не дојде моментот да ги видите и во живо. Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен.
Благодарност до Град Скопје што ни овозможија да имаме ново прекрасно катче во градината, со уште попрекрасни птици за првпат кај нас“, пишува на фејсбук профилот на Зоолошката градина во Скопје.