297
Откако вчера во јавноста беше објавена тажна вест дека починал Ристе Трајковски, негувател во скопската Зоолошка градина, неколку часа подоцна, угинала и последната жирафа Флопи.
– Обдукцијата е во тек, не може официјално да се излезе со информации, велат вработени во ЗОО Скопје.
Угинувањето на жирафата Флопи е последниот во низата немили настани што се случија во изминатиот период во институцијата. Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава угина Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.
Зоо-негувателот Ристе Трајковски беше познат по љубовта и негата што им ги посветуваше токму на жирафите во оваа зоолошка градина.
Се очекува официјално соопштение од зоолошката, по повод последните настани.