Скопскиот регион учествува со 46.2 % во бруто-домашниот производ

Во 2024 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 46.2 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4.5 %.

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5

Скопскиот регион учествува со 46.2 % во бруто-домашниот производ, а Североисточниот Регион со 4.5 %, објави Државниот завод за статистика.

Во 2024 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 46.2 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4.5 %.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138.8 и Југоисточниот Регион со индекс 114.2. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.

Во 2024 година, најголемо учество во бруто-инвестициите во основни средства има Скопскиот Регион со 49.7 %