Скопските градоначалници бараат расформирање на „Комуналец“ и преземање на ингеренциите за чистење на градот

од Nikola Popovski
387 прегледи

Скопските градоначалници бараат рампите во депонијата „Дрисла“ да се кренат за да продолжи акцијата за одлагање на сметот од општините.

-Се додека не се најде решение во „Комунална хигиена“ и Град Скопје под итно да се кренат рампите поради тоа што камионите на општина Центар се наполнети и стојат таму. Со градоначалничката не сум разговарал, а утрово директорот на „Дрисла“ рече дека во текот на денот ќе се направи договор и дека ќе го имаме. Чекаме потпис за да ги примат нашите камиони и да го примат сметот, кажа градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски после седницата на Советот на Скопскиот плански регион за состојбата со хигиената во Скопје.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски порача дека заеднички став на сите градоначалници е расформирање на „Комуналец“ и предавање на ингеренциите на нив.

-Градоначалничката исто така изрази таков став пред неколку месеци која истото го изнесе на еден од состаноците и ние да ги добиеме надлежностите. Ние сметаме дека со многу помалку ресури, за она што го плаќаат граѓаните, ќе овозможиме многу подобра услуга од оваа што ја нема денеска. На вакви температури, Скопје да тоне во отпад, не да е алармантно и никогаш не се случило. Некој требаше да депонира оставка поради случувањата, кажа Ѓорѓиевски.

Тој се осврна и на ситуацијата пред депонијата „Дрисла“.

-Наводно сме немале некаков договор. Имаме финансиска картица за фактури од Дрисла, за кој најголем дел ги плаќам. Посериозен аргумент е што раководството на Град Скопје и директорот на Дрисла не си ги законите и актите кои што се донесени таму. Во 2011 година е донесен акт каде што Дрисла се прогласува за регионална депонија на скопскиот плански регион и тука се наведени сите општини каде што можеме да го депонираме отпадот и без никакви договори или измислени потреби како што сега ги наложува директорот, истакна Ѓорѓиевски.

Слични содржини