Скопските клиники подготвени за прием на пациенти од Тетово

од Берта Китинска
189 прегледи

Во скопскиот клинички центар и градската болница „8 Септември“ се подготвени за прием на ковид-пациенти од Тетово каде вечерва во модуларната болница избуван пожар.

Засега не може да се добие информација колку лица ќе бидат примени.

Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов, посочи Филипче.

Сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените, додаде тој.

– Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани, напиша министерот.

Фото: Принтскрин