165
Скопјанец доби кривична пријава поради недолични коментари на Фејсбук и ширење омраза, велат од охридската полиција.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, по објавен текст од еден портал поставен на социјалната мрежа „Фејсбук“, постирал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.