Скопје во топ 10 најзагадени градови во светот

од Берта Китинска
182 прегледи

На интернет страницата „Iqair“ денеска е објавена статистики за загадувањето на воздухот во земјите низ светот.

Според податоците, С.Македонија и Град Скопје се на 7-то место на најзагадена земја во светот.

Воедно Тетово и Кичево вчеравечер беа во црвената зона на загаден воздух, според податоците од државните мерни станици.

Во Тетово беа измерени се 188, а во Кичево 182 ПМ10 честички на метар кубен.

И во главниот град вчера воздухот беше загаден. Според податоците, најзагадено беше во Миладиновци, каде мерната станица покажува 155 ПМ10 честички на метар кубен. Во Лисиче, пак, во моментот има 133 ПМ 10 честички на метар кубен.

Слични содржини