Скоро 800 милиони ученици сè уште се надвор од училиштата

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Скоро 800 милиони деца ширум светот сè уште не се вратиле на училиште, во услови на пандемија на коронавирус, предупреди Меѓународниот фонд за деца на Обединетите нации.

УНИЦЕФ предупреди на можноста, како одминува времето, голем број деца никогаш да не се вратат на стандардното посетување на училиште, пренесе Анадолија.

Шефот на Одделот за образование при ОН, Роберт Џенкинс, за британски „Гардијан“ изјави дека затворањето е дел од незамисливо нарушување во образованието на децата.

„Не го замислував размерот на затворање кога училиштата се затворија минатата година и не можев ни да замислам дека ќе трае толку долго. Во екот на пандемијата, 1,6 милијарди деца не одеа на училиште, а еве една година подоцна, а 800 милиони сè уште страдаат од делумно или целосно нарушено образование“, рече Џенкинс.

Тој посочи дека мора да се испитаат последиците од продолженото затворање на училиштата кај децата.

Пандемијата КОВИД-19 има големо влијание врз животните навики на учениците, а исклучувањето на училиштата или прилагодените методи за учење на далечина ги принудија децата во некои земји да работат, предупредуваат групите за човекови права.

Слични содржини