Скорсезе заспа среде настапот на Еминем на Оскарите (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Настапот на Еминем на Оскарите беше вистинско изненадување за сите присутни, но не секој реагираше исто на тоа.

На прашањето зошто ја изведува токму „Lose Yourself“, тој одговорил:

– Во 2003 година, кога го добив Оскарот, не присуствував на церемонијата на доделувањето, па поради тоа ја изведов сега – изјавил Еминем.

Од друга страна, додека публиката на Оскарите играше и рапуваше заедно со Еминем кога пејачот ја изведуваше оваа песна, камерите во еден момент го забележаа и изразот на лицето на режисерот Мартин Скорсезе.

Овој инсерт беше видлив на ТВ-преносот, па многумина сметаа дека на Скорсезе, кој беше еден од номинираните за Оскар, овој настап на популарниот рапер му е здодевен.

Слични содржини