СКРИЕН ОД ЛУЃЕ: Редок и загрозен млад балкански рис снимен во националниот парк „Галичица“

од Nikola Popovski
927 прегледи

Млад примерок од загрозениот балкански рис е снимен во Националниот парк „Галичица“ во Северна Македонија, објавија денеска МИА.

Како што истакнуваат, ова е многу убава и јасна фотографија на младиот балкански рис, која е се помалку присутен во локалните шуми.

Младиот рис бил фотографиран од специјално поставени камери за следење на активностите на елени во тој национален парк на југозапад од Северна Македонија. Раководителот на Одделението за заштита на природата во Националниот парк „Галичица“, Андон Бојаџи, вели дека специјалните сензорски камери направиле неколку фотографии од балканскиот рис на повеќе локации во претходните 18 месеци, но дека таквите податоци не се доволни за да се утврди популацијата на тој загрозен вид и неговата бројност.

Во соработка со Македонското еколошко друштво, додаде тој, се прават напори да се утврди популацијата на балканскиот рис врз основа на бројот на елени, кои се дел од неговата исхрана.

„Таа информација ни треба за да можеме некако да процениме колку рисови има во Националниот парк „Галичица“ и каква е состојбата со пленот, за да можеме да планираме мерки и активности за поддршка на популацијата на балканскиот рис“, рече Бојаци.

Слични содржини