Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев бил „жртва“ на скриена камера на италијанската телевизија Медиасет. Тој се исплашил дека клубот решил да го продаде во Индија, а целата работа му ја сместиле соиграчот и добар другар Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси..
Пандев во прв момент мисли дека е шега, но Корси продолжува да му објаснува детали од трансферот, дека ќе игра за клуб по име Ченаијин и дека за три години ќе добие 72 милиони евра плус бонуси од 10 милиони евра во зависност од резултатите.
Горан Пандев и понатаму не може да поверува и во еден момент вели: „Ма каков Ченаијин, каква Индија! Попрво ќе си пукам во уста“.
Да биде поинтересна, во целата приказна се вклучуваат и навивачите кои за брзо се појавуваат со транспаренти пред куќата на Пандев и скандираат: „Пандев предавник!“. Македонскиот репрезентативец им објаснува за што станува збор, па по извесено време се појавува и водителот на шоуто „Скриена камера“ објаснувајќи дека се работи за шега.
Погледнете го целото шоу ТУКА.