382
Завршен е скринингот во најголемиот број од училиштата во државата. Според информациите што ги објави денес министерот за здравство, Венко Филипче, тестирани се над 5 000 ученици, а 15 биле позитивни на Ковид-19.
-Сега е исклучително битно во периодот што следува сите протоколи што се пропишани да важат во училиштата да се почитуваат како што треба за да се заштити целокупниот образовен процес, вели Филипче.
Тој исто така информира дека во Институтот за белодробни заболувања во Козле се лекуваат 23 деца, две се на кислородна поддршка и ниту едно не е во критична состојба.
Филипче додаде и дека во овој институт е хоспитализирано и двомесечно бебе.