Скринингот ќе трае 5 дена: Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на Е дневник

од Берта Китинска
263 прегледи

Околу 8200 ученици од основните и средните училишта ќе бидат опфатени во престојниот скрининг. Планирано е скринингот да трае 5 дена, а дневно да се тестираат по околу 1600 деца со претходно дадена согласност од страна на родителите, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на Е дневник, а тестирањето ќе се врши во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите. Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде учат многу мал процент од сите ученици и во места каде инциденцата на вирусот е многу ниска, вели Филипче.

Слични содржини