Скулптура премногу сексуално експлицитна за Фејсбук, нејзина слика е забрането да се објави

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Изгледа дека цензурата на интернет достигна ново ниво на апсурд. Имено, Фејсбук забрани фотографија на данската скулптура „Малата сирена“ и тоа само затоа што таа нема облека.

1445129980568c0aa3aa8d9440747008_v4_big

Забранетата скулптура ја направил Едвард Ериксен, а се наоѓа на брегот на Копенхаген од 1913 година, од кога е една од главните атракции на овој град.

Надлежните од Фејсбук велат дека на таа мрежа не е дозволено објавување на сексуално експлицитни, односно фотографии кои содржат голотии.

„Скулптурата „Мала сирена“ очигледно е премногу соблечена за Фејсбук“, рече данската министерка Мете Гјерков, која повеќепати безуспешно се обидувала да ја закачи сликата на оваа мрежа.

Од Фејсбук велат дека не дозволуваат разголени фотографии бидејќи со тоа можат да се навредат некои од корисниците на оваа мрежа. Така на пример, женски брадавици не е можно да се видат на Фејсбук, освен ако на сликата не е мајка која го дои детето.

Овие правила важат и за уметничките дела.