Тоа се произведува во регионот на град Оломоуц, Моравија, од XV век и е сакан локален деликатес

Најчудните сирена со акутен силен мирис не се по вкусот на секој. Но, што се случува, сепак, ако од такво сирење се направи сладолед? Пазарен хит, излегува од “Тваружек” (или почесто “тваружки”, во мн.ч., Tvaruzky.cz) е типично чешко зрело сирење со жолтеникава боја, остар вкус и мирис, кој не е за секојденевниот нос и може да е дури одвратен .
Тоа сирење се произведува во регионот на град Оломоуц, Моравија, од XV в. и е сакан локален деликатес. Обично се консумира со леб и кромид и според локалните е одлично мезе со кригла пиво.
Роман Цинцара, кој има кафуле го произведува овој сладолед во својата куќа во малото гратче Лощице. Тој решил да експериментира и да направи од тоа благо речено чудно сирење – сладолед. Шеќерот, како и некои други слатки состојки, исто така при ладењето го убива акутниот мирис.
Одлуката се покажува сосема правилна и покрај чудниот вкус, за производот се пројавил исклучителни интерес.