Обврските што произлегуваат од Законот за заштита на укажувачите се голем предизвик за приватниот и за јавниот сектор. Од Законот произлегуваат такви решенија што се во насока на заштита на човековите права и слободи, заштита на работничките права, етичкото корпоративно управување, но и во насока на превенирање на криминалните и коруптивните однесувања и постапувања во компаниите и државните институции. Компаниите и институциите од јавниот сектор треба да бидат свесни дека мора веднаш да започнат со применувањето на обврските што произлегуваат од овој Закон, но и да работат во насока на зајакнување на јавна свест во врска со ова прашање, со што ќе дадат пример во поширок општествен контекст, вели за Академик проф. д-р Слаѓана Тасева, една од подготвувачите на Законот за заштита на укажувачите и претседателка на Транспаренси Интернешнал – Македонија.
Тасева образложува дека со Законот за заштита на укажувачите се уредуваат заштитеното пријавување, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно на правните лица во врска со заштитеното пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите.
Во согласност со овој закон, обврска на институциите и на правните лица со најмалку 10 вработени е да го усогласат своето работење во однос на заштитеното пријавување и да им обезбедат заштита на пријавувачите.
Со Законот се заштитува јавниот интерес, што подразбира заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот на Република Македонија, спречување на ризиците по здравјето, одбраната и безбедноста, заштита на животната средина и на природата, заштита на сопственоста и на слободата на пазарот и претприемништвото, владеење на правото и спречување на криминалот и корупцијата.
Категории на лица кои можат да се јават во својство на укажувачи се: лицe коe има засновано работен однос на неопределено или определено време во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; лице кое е или било волонтер или практикант во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; лице кое врз која било основа е ангажирано или било ангажирано за извршување работа од институцијата, односно правното лице за каде пријавува; лице кое врз која било основа е во деловен однос или било во деловен однос или во друг однос на соработка со институцијата, односно правното лице за каде пријавува; лице кое користи или користело услуги во институцијата, односно правното лице во јавниот и приватниот сектор за каде пријавува.
Повеќе ТУКА
