577
Ќерката на Светлана Ражнатовиќ-Цеца отпатува на луксузен одмор, а нејзините следбеници на Инстаграм имале можност да видат како ужива.
Анастасија Ражнатовиќ решила да патува во потоплите региони, а дестинацијата што ја одбрала биле Малдивите.
Пејачката, која е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, веќе споделила неколку фотографии и снимки откако пристигнала во овој тропски рај, а вчера ги воодушевила обожавателите со видеа во бело бикини. Анастасија избрала класичен модел чиј долен дел е танга, а горниот е украсен со мала алка помеѓу градите, а во еден момент го комбинираше со сламена капа.
Позирала, танцувала, се смеела на камерата и покажа колку ужива на овој одмор, а еве како изгледала.