Славење на личност соработник на хителрова Германија не може да се придонесе за пријателство меѓу двата народи, вели Ковачевски

од Берта Китинска
131 прегледи

Настанот што се случи во Битола е провокација, славење на личност соработник на хителрова Германија не може да се придонесе за пријателство меѓу двата народи, смета премиерот Димитар Ковачевски.

-Во однос на настанат кој се случи во саботата тој настан претставува ништо повеќе од провокација бидејќи ги буди духовите од минатото, бидејќи се работи за личност која што била соработник и на Хитлерова Германија и на мусолинова Италија и на Павелиќ и со тоа воопшто не може да придонесе како личност која што е мост за иднината за пријателство меѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата. Овој настан може да претставува единствено провокација која што не оди во насока на подобрување на односите и во финализирање на еден успешен дијалог со постигнување на договор, рече Ковачевски на прес-конференција на отпочнувањето на градежните работи на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“во општина Карпош.