Можам да ги разберам синдикатите кога лажат дека Македонија имала најниска со закон пропишана минимална плата во регионот, но што им треба да го прават истото “неподмитливите” од политичката партија Левица, прашува претседавачот на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии, Трајко Славески во објава до партијата на Димитар Апасиев.
Славески истакнува дека износот на минималната плата исплатена во јуни 2024 година во Македонија изнесува 22.500 денари (366 евра), а во Србија 43.360 српски динари (370 евра), а не како што тврдат од Левица, 423 евра.
-Значи тука сме некаде со нашиот северен сосед според износот на минималната плата, иако Србија има повисок БДП по жител од Македонија.
Истата манипулација се прави и при споредбата на износот на минимална плата со Албанија. Наводно таму била повисока и изнесувала 384 евра, а кај нас “само” 367 евра. Не другари од Левица! Не можете да споредувате НЕТО износ во Македонија со БРУТО во Албанија!
Бруто износот на минималната плата кај нас, што претставува трошок за плата за работодавачот, во моментов изнесува 540 (петстотини и четириесет) евра, што е за 40,6% повеќе од тој во соседна Албанија.
Да не должам, минималната плата во Македонија во бруто износ од 540 евра е повисока не само во споредба со Албанија (384 евра), туку и со Бугарија (477 евра) и Црна Гора (533 евра) и е речиси идентична со минималната плата во Србија, како што истакнав претходно.
Сега се бара зголемување на минималната плата, надвор од усогласувањето пропишано со Закон, на 450 евра (27.675 ден.) во нето износ. Претворена во бруто износ таа би изнесувала 673 евра. Со кого сакаме да се споредуваме од поранешните ЈУ републики и соседите? Со Хрватска и Словенија? Малку прст на чело, стои во објавата на „Х“ на поранешниот министер.
𝐉𝐔𝐒𝐓 𝐓𝐇𝐄 𝐅𝐀𝐂𝐓𝐒, 𝐌𝐀’𝐀𝐌!
САМО СО ФАКТИ, ВЕ ЗАМОЛУВАМ!Можам да ги разберам синдикатите кога лажат дека Македонија имала најниска со закон пропишана минимална плата во регионот, но што им треба да го прават истото “неподмитливите” од политичката партија… pic.twitter.com/4A6zU2z2Or
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) July 12, 2024
Од Левица велат дека условите за работа во некои дејности се опасни, а Македонија има најниска минимална плата во Европа. Како работничка партија, правото на работа, од Левица велат дека го третираат како основно човеково право, затоа што преку истото, луѓето ја обезбедуваат својата егзистенција.