Славески: Доаѓа „неуигран“ тим во СДСМ, најдобро решение е избори во 2022 година

од Vladimir Zorba
416 прегледи

Се наоѓаме во тежок период, тешко наследство остава претходната влада на чело со господинот Заев, многу нерешени прашања, до максимум зголемена поларизација во општеството, меѓу граѓаните, политичките субјекти, неснаоѓање како одговор на кризите- здравствената, енергетската криза и слично. Така што постојат објективни причини, со спортски жаргон речено, еден вака неуигран тим да се носи со тие проблеми, а од друга страна виси и легитимитетот, вели во неделното интервју на РСЕ професор Трајко Славески, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Она што го видовме на локалните избори потврди дека мнозинството граѓани не се согласуваат по политиките и на локално и на централно ниво на сегашната композиција на владата, без разлика дали кон неа се приклучила некоја помала партија за да го зачува мнозинството. И мислам дека тој јавен притисок за нерешени проблеми постојано ќе се зголемува во јавноста и ќе биде најдобро решение да се одржат предвремени парламентарни избори во текот на 2022, вели Славески.

Слични содржини