Славески ѝ го зеде микрофонот на Арсовска: „Нѐ малтретирате овде три часа“

од Nikola Popovski
265 прегледи

Кавга меѓу претседавачот со Советот на град Скопје, Трајко Славески и градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска на денешната вонредна седница за решавање на проблемот со платите во ЈСП Скопје. Славески се пожали дека му бил исклучен системот со кој може да ги прекинува говорите на советниците.

-Сега можам да станам и да го повлечам микрофонот, тоа го заслужувате. Ние се малтретирани овде поради вас, дополнителни три часа. Досега ќе ја изгласавме иницијативата. Не се расправајте со советниците. Поради вашето вакво однесување, се малтретираме овде, ѝ рече Славески на Арсовска.

Таа му порача дека не може повеќе да се однесува како деспот.

-Никаде во ниту еден правилник не пишува дека треба да имате копче со кое ќе се однесувате како деспот. И сега имате копченце со кое можете да раководите каде што треба. Деспотско однесување, каде што немате право да одземате збор, нема да биде дозволено, рече Арсовска и додаде:

-Некому му недостасува култура. Вие дозволувате на вашите советници да кажат што сакаат и да се однесуваат како што сакаат. Неделовнички се однесувате. Прекинувате она што не ви одговара на вас.

По ова, Славески стана од претседателското столче и го одзеде микрофонот од говорницата додека Арсовска говореше. Во моментов има пауза од 10 минути на вонредната седница.

Слични содржини