Славески: Мерката за замрзнување на цените е непазарна, ефектот ќе биде минимален

од Nikola Popovski
380 прегледи

Поранешниот министер за финансии и актуелен претседател на Советот на град Скопје, Трајко Славески смета дека одлуката на владата за замрзнување на цените на основните прехранбени артикли е непазарна.

-Не се согласувам со мерката. Исто така, сметам дека е задоцнета. Стопанствениците најверојатно почувствуваа дека треба малку да се подготват. Требаше да се реагира побрзо. Во економијата, очекувањата се битни, а економските субјекти се приспособуваат. Голем дел и од некои идни зголемувања веќе се вградени во цените и тука е неизвесно дали оваа мерка ќе има некој ефект. Сигурно ќе биде минимален, потенцира Славески во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Тој додава дека ние се стремиме за членство во ЕУ, а еден од нејзините критериуми е функционална пазарна економија.

-Ние сме се подалеку од тоа, па затоа не ја оправдувам сега мерката, појаснува Славески.

Слични содржини