Средбата меѓу владите на Македонија и Унгарија не е нешто ново. Сме имале слично со Србија, Косово, Бугарија…Не е на одмет, значи дека ги продлабочувате односите со пријателски земји. Ќе вдидиме што се ќе произлезе од средбата, но, секако ќе биде позитивна. Унгарија е силно спротивставена на добар дел од политиките на ЕУ. Додека сите градат огради со царини итн, на само половина час од Суботица, се градат две фабрики за електрични автомобили на најголемиот производител „BWD“ и фабрики на најголемиот производител на батерии. Тоа е нешто што отвора перспективи и за нас, вели професорот и претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески за македонско-унгарските односи и втората меѓувладина седница, овојпат во Будимпешта.
Мислам дека на безбедносен план, додава тој, многу ни е битно стратешкото партнерство со САД.
-Ако Америка утре излезе од НАТО, како што велат највлијателни луѓе до Трамп, има земји кои што со децении се потпираат на поддршката на САД, а не се во Европа ниту во НАТО. На економски план, соработката со соседите и ЕУ, треба да се одржува и негува. Не сме на масата, ниту ќе бидеме за да се изјаснуваме за некои битни или глобални прашања. По прашањето за Украина, судирот со САД е сосема разбирлив. До доаѓањето на Трамп на власт, ЕУ и САД беа за војна, што повеќе оружје и подолго да трае, верувајќи дека Русија ќе се измори и ќе падне на колена…Кога разбраа дека тоа не е можно, сега САД се за мир. Европјаните се уште преферираат одржување на воениот конфликт. На безбедносен план, стратешко партнерство со САД, економски со ЕУ, рече Славески во емисијата „24 анализа“.