Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалничката Данела Арсовска откако беше обвинет од неа дека фалсификувал потписи.
-Јас не сум фалсификувал нечиј потписи за присуство на седница и дека тоа било причина зошто градоначалничката седум месеци не исплаќа надомест на советниците. Јас не сум вчерашен и таму каде што се обидувате да одите, јас го започнав патот пред 30 години и имам и административно искуство. Не можам да си дозволам да злоупотребам нечиј потпис. Досега сум немал ниту една дамка на Универзитет – сум потпишал идлјадници и оценки, исто така и договори како министер од милионски суми и никој не ме обвинил за злоупотреба на положбата, рече Славески, обраќајки се од говорницата во Советот, во својата реплика до градоначалничката Данела Арсовска.
Тој побара извинување од градоначалничката, а доколку не го стори тоа, најави кривична пријава против неа.