319
Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески смета дека е потребно вонредно зголемување на пензиите.
-Кога имаме расфрлање со пари на сите страни, најмалку треба да штедиме на пензионерите. Ако и другото е одржлив, тогаш и ова е одржливо, вели тој во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Според него, секогаш кога имаме просечна пензија која ќе падне под 60% од просечната плата, а таква е сега состојбата, треба да спроведеме зголемување на пензиите и со вонредна мерка.