Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, синоќа порача нагласи дека се извртело значењето на вредноста на минималната плата. Според него, таа не гарантирала дека може да издржува четиричлено семејство.
-Го извртевме значењето на минималната плата, во светот таа не гарантира дека може да се издржува 4-члено семејство. Јас сум работел за минимална плата во САД, во Бостон, во супермаркет додека студирав. Се знае каков стандард можете да обезбедите со тоа, и тие што земаат минимална плата работат по 2-3 работи. Би порачал во одреден период во животот, тоа не е срамота, како дополнителна работа може да работи за минимална плата, но трудете се никогаш повеќе, според своите квалификации, да не се најдете во ситуација да барате минимална плата, порача Славески во емисијата „Бизнис 21“.
Исто така порача дека е против замрзнување на маржите. Според него, нема ефекти од тоа.
-Мислите дека постојано треба да бидат замрзнати? Ама како, кој е моделот? Имаме ние регулирани цени на нафта, телекомуникациски, но има регулаторни тела. Но, никаде во светот нема регулаторно тело за малопродажните цени, додаде Славески во емисијата.