Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески информираше дека од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија.
Според Славески, плаќањата ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи.
„Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 евра кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. СЕПА значи побрзи, поевтини и посигурни плаќања во евра за граѓаните и компаниите“, напиша гувернерот на Народната банка Трајко Славески на платформата „Х“.
💶 Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи!
Плаќање од 500 € кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари.#СЕПА значи побрзи, поевтини и посигурни…— Trajko Slaveski (@TSlaveski) October 6, 2025
Со ова, надоместоците за трансакции во евра ќе бидат значително пониски, а парите ќе стигнуваат до примателот најчесто во рок од еден работен ден без разлика од која држава на СЕПА се врши плаќањето.