Славески: СДСМ клевети, Алта Банка да преземе мерки

„Како тоа Европската централна банка има преземено ваков ригорозен чекор, а Трајко Славевски и НБРМ без размислување го дозволиле преземањето во Македонија? Зошто не биле по внимателни?“, истакна денеска Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.

од Vladimir Zorba
57 прегледи Фото: Народна банка

„СДСМ прашува: “Дали изборот на Трајко Славески на чело на НБРМ беше поради Алта Банка?” Одговор: Не, не беше! За клеветите од страна на СДСМ кон банката со седиште во Битола, ги охрабрувам да ги преземат сите расположиви мерки за заштита на својот кредибилитет. Евентуалните приходи од добиените судски спорови најверојатно би ги донирале за поддршка на некој локален спортски клуб“.

Вака реагираше гувернерот на Народна Банка, Трајко Славески, откако СДСМ денеска излезе со обвинувања на негова сметка.

„Како тоа Европската централна банка има преземено ваков ригорозен чекор, а Трајко Славевски и НБРМ без размислување го дозволиле преземањето во Македонија? Зошто не биле по внимателни?“, истакна денеска Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.

„Бараме Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање. Бараме да се испитаат потеклото на парите и ризикот од перење пари“, потенцираше Димитријевиќ од СДСМ на денешната прес конференција.

Слични содржини