Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески на денешното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека ВМРО-ДПМНЕ собира потписи за укинување на Законот за попис затоа што на попис не се оди без широко општествен консензус, кој за овој најевен попис за април месец, го нема.
Тој појасни дека друга причина за што ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот е затоа што постои голема опасност за ширење на заразата од коронавирусот при спроведувањето на пописот.
Како најголема причина која што Славески ја наведе за што ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот е тоа што со попишувањето, на предвидениот начин во закон, на нерезидентното население, кое најверојатно е направено со задни намери за да добиеме нереална слика за резидентното население кое што живее во Македонија.
„Најголемиот проблем е зошто мораше нерезидентното население да се попишува токму сега и токму на овој начин. Најверојатно со задна намера да добиеме нереална слика за резидентно население во земјата. Нерезидентното население може да се регистрира во една по мирна процедура, делумно со нивно попишување, преку нашите дипломатски конзуларни преставништва. А сега е направено за да не се знае кој е тука, кој не е тука. Мислам на оние кои што се отсутни од земјата, државјани на република македонија над една година“, потенцираше Славески.