Славески: ССМ се фокусирале на притисоци за зголемување на платите како да ќе нема утре

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Поранешниот министер за финансии и сегашен претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески оценува дека ССМ треба повеќе да се грижи за работните места во Македонија. Според него, Синдикатите на вчерашниот состанок во Владата извршиле притисок.

-На денешната средба во Влада, Сојузот на синдикати на Македонија требаше да настапи со предлози за зачувување на работните места под налетот на рецесијата која се заканува да ѝ нанесе тежок удар на македонската економија. Наместо ова, тие се фокусирале на притисоци за зголемување на платите како да ќе нема утре. Доаѓа време кога сите треба трезвено да настапуваме. Износот на минимална плата во однос на просечната во Република Македонија, кој во моментов изнесува 59%, како сооднос е меѓу највисоките во светот. Тој е далеку изнад препораките на Меѓународната организација на трудот (40% сооднос минимална/просечна плата) и на Европската комисија (50%), објави Славески на својот профил на „Х“.

Владата не е пречка за зголемување на минималната плата, туку вистинскиот проблем се другите синдикати кои го кочат процесот. Ова по состанокот во Владата го изјавија од ССМ, кои како што велат се отворени за преговори. На состанокот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за економија, Бесар Дурмиши.

ССМ ги повикаа сите политички партии на разговор во Работничкиот дом за растот на платите.

-Само ССМ ги застапува интересите на работниците – бараме раст на платите во јавниот и приватниот сектор. Владата јасно кажа дека не се против зголемување на минималната плата. Важно е што Владата не кажа не може и нема да има зголемување. Тоа го рекоа другите синдикати, изјавињ првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов.

Од КСС и СОНК контра барањата на ССМ.

Средбата доаѓа по протестот на ССМ на 2-ри април поради незадоволство од одлуката за раст на минималецот, без согласност од Економско-социјалниот совет. Нова средба ќе биде закажана најверојатно за петок.

Слични содржини