Славевски за проблемот со парното: Владата е онаа која може да се задолжува

од Берта Китинска
389 прегледи

Согласно овластувањата Советот работи според буџетот, но и преку креирање на буџетите се креираат политиките. Сега е актуелно парното греење и проблемите со него како и иницијативата за преземање на оваа услуга од страна на Град Скопје. Владата прифати да влезе со свои мерки, но треба да се вклучи и градот.

– Во Грција, на пример, има законска обврска ако има парно греење мора да го користите тој систем за затоплување. Кај нас нема таков закон. Ова е акутна ситуација. Според законот за Град Скопје има една цртичка каде вели дека во надлежност на градот е и оваа дејност со затоплувањето. Но има такви правни процеси кои ни по десет години сѐ уште не ги има решено овие проблеми. Граѓаните ги користат сите извори на енергија, но немаме ресурси да помогнеме, вели Трајко Славевски претседавач на Советот на Град Скопје во Утрински.

На едно градско и државно ниво мора да се интервенира. Славевски вели дека овој акутен проблем може да почне да се решава. Град Скопје во претходниот состав има формирано свое претпријатие, ГЕС, но не работи оти нема лиценца.

-Се забележува дека има дисонанца за начините на решавање на овој проблем. Се префрла вина на Град Скопје. Но, Владата е онаа која може да се задолжува. Она вчера што беше кажано дека има одлука за надомест на разликата во цената, беше спомената сума од 9 милиони евра, а ние не знаеме дали е тоа месечно или за цела сезона. Тоа е политичко прашање, оти ако од средства на граѓанит се дотира кај приватни претпријатија тоа може да го прави само владата, вели Славевски.