Славјнка Петровска кандидатурата за претседател на СДСМ ја поднесува во среда

од Milan1
871 прегледи

Поранешната министерка а сегашна пратеничка, Славјанка Петровска уште еднаш потврди дека ќе се кандидира на изборите за претседател на СДСМ. Таа кандидатурата планира да ја поднесе во среда, соопшти при гостувањето во дневникот на Телевизија Сител.

„Ако не станам претседател на СДСМ, ќе останам да бидам само пратеник во Собранието. Но, ќе продолжам и понатаму со своето дејствување и по убедување да бидам социјалдемократ. Сè уште ја немам поднесено кандидатурата за претседател на Социјалдемократскиот сојуз. Веројатно тоа ќе го сторам во среда, некаде околу 10:30 часот. Официјално ќе се кандидирам и тоа веќе и го потврдив.

Според неа важно е во партијата да се врати дискусијата.

„Освен заживувањето на непосредната комуникација меѓу партиските членови, приоритет ќе биде враќање на членството да ја има примарната улога во одлучувањето. Ние бевме првата политичка партија во нашата држава која воведе непосреден избор на претседател. И тоа е сериозен демократски исчекор. И во останатите сегменти во креирање на кадровската политика, членството, општинските и месните организации треба да имаат клучна улога, анимирање на членството, држење постојано да биде присустно е една од работите која мислам дека ги занемаривме, односно ја изгубивме комуникацијата со членовите“, вели таа.

Досега кандидатури за лидер на СДСМ најавија дека ќе поднесат досегашната министерка за одбрана Славјанка Петровска, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Слични содржини