Љубителите на бурекот му се лути на популарниот готвач Gordon Ramsay, кој е познат и по брутално искрените коментари за храната кои неговиот тим ги дели на социјалните мрежи. Овојпат на ред дошло и најомиленото јадење на Балканците. 
“Еј, Гордон, што мислиш за мојот бурек со сирење?”, му напишало едно момче. Од добиениот одговор, на готвачот би му било подобро едно време да го избегнува Балканот.
“Изгледа како гигантско гомно”, напишал кратко Ramsay и собрал повеќе од седум илјади лајкови и скоро три илјади ретвитови.
Секако, бидејќи станува збор за омилен производ расправата понатаму се развила во насока, дали е тоа пита, бурек или нешто десето. Но, ни куварот не беше поштеден од хејтерските коментари:

“Ајде, ќути поима немаш”, “Баш сега го изгубив респектот кон тебе.”, “Што ти е на тебе човеку?!”, го прашуваа фановите на бурекот.