Железнички премин со Србија, изградба на автопати, магистрални и локални патишта, Регионален проект за цврст отпад, водовод и канализација во општините, модернизација во земјоделството, реконструкции во здравството и образованието…Ова се само дел од инфраструктурните проекти кои следната година ќе зависат од „странски пари“, заеми и грантови од меѓународни финансиски институции.
„Западен дел од патниот Коридор 8, автопатска делница Кичево – Букојчани, со заем од ЕБОР и грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ, делницата Кичево – Охрид, финансирана со заем од ЕКСИМ банка, изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце (граница со Косово), која се финансира со заем од ЕБОР и грант од Инвестициската рамка за Западен 16 Балкан – ВБИФ, проектот за поврзување на локалните патишта, финансиран со заеми од Светска банка“ – дел од проектите за кои Владата дава „ветување“ дека ќе ги реализира во буџетската 2026.
Европската инвестициска банка, Светска Банка, Европската банка за обнова и развој, Планот за раст на Западен Балкан, ИПА фонодвите – ова ќе бидат главните „извори“ на средства за продолжување на постоечките и стартување на нови проекти следната година. Со заеми и грантови планирани се и проекти во образованието, здравството, енергетиката па сè до реконструкција на затвори и притворски одделенија.
Според „Бизнис инфо“, освен заеми од странски финансиски институции, во најава е британскиот кредит – од овој пакет ќе се финансираат инвестиции во железничкиот сектор и во здравството. За финансирање на буџетскиот дефицит планирани се задолжувања на домашниот и на странскиот пазар – следната година минусот во државната каса ќе изнесува 636 400 000 евра или 3,5% од БДП.
Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК.