Microsoft вршат финални тестирања со следното ажурирање на Windows 10, кое ќе биде достапно во октомври. Ажурирањето се нарекува Windows 10 October 2018 Update и ќе понуди голем број надградби и интересни функции. Една од најголемите промени ќе биде поврзана со начинот на кој оперативниот систем ги чиста непотребните и неискористени датотеки, гарантирајќи оптимално место за складирање на податоци во компјутерите кои работат со него, пренесе ArsТechnica.

Важен фактор за постигнување на оваа цел ќе има облачната услуга OneDrive која ќе следи локалните копии на датотеките автоматски да бидат избришани. Специјални алгоритми на Windows ќе се грижат за управување со информациите зачувани во уредите и ќе утврди кои папки да се отстранат согласно тоа кога последен се користат. Платформата ќе понуди опција да ги чува најчесто користените датотеки локално.
Датотеките што ретко ќе ги отворате ќе се чуваат на Microsoft cloud серверите и ќе бидат директно спуштени од нив, кога ќе ви се потребни. Системот ќе следи во реално време колку простор имате на компјутерот и ќе обновува автоматски папки и документи, само ако имате доволно меморија, без тоа да влијае на нормалната работа на уредот. Корисната функција Storage Sense ќе продолжи да го следи присуството на непотребни датотеки.