Следната недела ќе се знае дали ќе бидат отворени границите

од Берта Китинска
240 прегледи

Следната недела  земјите од регионот се очекува конечно да одлучат за слободен премин  и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Патот кон“.

Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

Филипче рече дека бидејќи епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, регионалните власти најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата. Но, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест за да се премине.

Слични содржини