Следната недела ќе се знае од што се затруле работниците од штипската фабрика Актива

од desk2
117 прегледи

Во текот на следната недела треба да се знае што била причината за труење кај 21 работник од штипската фабрика Актива. Санитарната инспекција уште вчера зела мостри од фабричката менза, но и од местото каде се подготвува храната, што Актива ја добива од фирма специјализирана за тоа.

Претпоставка е дека причина за труењето е месото што работниците завчера го добиле за ручек, но од менаџментот на компанијата велат дека ќе ги почекаат резултатите од испитувањата на санитарната инспекција. Дваесетмината работници со повраќање и дијареа беа примени во штипската Клиничката болница, но откако им била препишана соодветна терапија се пуштени на домашно лекување, а дел веќе се вратиле и на работа./24 Vesti