Следната седмица се очекуваат уште повисоки дневни температури

од Nikola Popovski
166 прегледи

Следната седмица доста турбулентна на Балканот. Од Африка ни следува продор на уште потопол воздух кој во некои делови ќе донесе уште повисоки дневни температури, како што наведува „Метеоаларм“.

Инаку промената на времето започнува уште од овој викенд кога очекуваме врнежи кои најпрво ќе бидат локални, а повеќе врнежи ќе имаме во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник и тогаш тие ќе се прошират во поголем дел од Македонија. Снег ќе врне само на високите планини.

За време на викендот ќе дува и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Овој викенд ќе бидеме под влијание на длабок циклон со центар над северна и северозападна Европа.

Температурите остануваат натпросечно високи, и на многу места тие ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат 15 степени.

Слични содржини