Со караванот „Дијалог за унапредување на средното стручно образование” под мотото „Учи паметно, работи стручно” очекуваме да ги утврдиме дефицитарните струки, а веќе во следната учебна година да се формираат нови дуални паралелки, информира министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
– Убеден сум дека средбата во Битола ќе резултира со креирање квалитетни уписни политики во средното стручно образование за новата учебна година. Со овој дијалог што го водевме минатата година беа отворени пет дуални паралелки, од нив три во Битола и по една во Демир Хисар и Ресен, и тоа е за поздравување за почетокот на овој проект. Дијалогот е од исклучтелна важност не само за учениците и локалната самоуправа, туку и за целокупниот раст и развој на нашата држава, бидејќи со овој процес ја обезбедуваме потребната работна сила која е дефицитарна во земјата и која е еден од поважните фактори за напредок, нагласи Шаќири.