Следниот Apple Watch ќе има поголем екран

од Vladimir Zorba

Аналитичарот од KGI Securities, Минг-Чи Куо предвидува нов модел на Apple Watch наесен. Според него, четвртата генерација на паметни часовници на компанијата од Купертино ќе нуди поголем дисплеј, подобра издржливост на батеријата и подобрено известување на виталните функции на сопственикот на уредот.

Apple исто така се очекува да направи големи промени во дизајнот кои беа идентични во претходните модели. Според Куо уредот што ќе се појави на пазарот во третото тримесечје, ќе има 15% поголем екран. Во моментов не е јасно дали тоа ќе се случи за сметка на зголемен износ на куќиштето или Apple ќе ги редуцираат рамките околу екранот, но присуството на поголема батерија насочува кон првото.

Минг-Чи Куо предвидува исто така додавање на нови сензори и намалување на цените на старите модели Apple Watch. Тој очекува продажбата на уредот да се зголемат за 30% и да достигнат 22 до 24 милиони во текот на годината.

Слични содржини